Со тематската изложба “Орнаменти”, скулпторот Атанас Атанасоски се претставува во Неготино. Љубителите на уметноста ќе ја видат инсталацијата од бели памучни елементи во кои се манифестира материјалната култура.
“Орнаментите” се предмети преку кои се искажани суштествените идеи врзани за креативниот потенцијал на нашата култура.
– Орнаментиката ги рефлектира сознанијата за естетските вредности. Тоа е предизвик. Во најголема мерка ги користам линијата, формата и ритамот како ликовни елементи за изразување – вели Атанасоски.
Идејата дошла по истражувањата на орнаменталните мотиви во спомениците на фреско-живописот од византискиот и поствизантискиот период.
Изложбата ја видоа и скопјани.