ОПШТОПРИФАТЕН ПРЕДЛОГ

Марјан Стојкоски – Манта е да не се плаќа котизација

Според незавидната ситуација на фудбалските клубови  очекуван е предлогот од Марјан Стојкоски – Манта за барање алтернатива, наместо плаќање котизација од по 12 илјади евра за Првата, односно осум илјади за Втората лига. Темата е стара, само предлогот се чекаше, а доаѓа од фудбалскиот работник.

– Новината наидува на одобрување од клубовите. Средствата да се искористат за засилувања и летни подготовки – вели Манта.

Клубовите беа во трка со времето и бараа пари. Тропаа на многу врати, но тешко одеше. До последен миг не се знаеше, но сосема извесно дека навреме нема да уплатат трите второлигаши од градов. Клубовите се без спонзори и јасно дека котизацијата е голем товар.

– Демократски е да бараме нови решенија. Најдобро да се најде спонзор, кој ќе ги покрие трошоците за службените лица – предлага Манта.

Претходно УО на ОФС, во врска со претстојното вонредно изборно собрание на 29 јули во Охрид, предложи претседател на ФФМ да е Илчо Ѓорѓиоски, а за член на УО на ФФМ, Марјан Стојкоски – Манта. ОФС Демир Хисар за претседател на ФФМ го предложи досегашниот, Хари Хаџи – Ристески.

Loading