ОБЛАГОРОДЕН ИЗВОРОТ КАРАНТАШ НА СЕЛЕЧКА

Оазата на планината Селечка, викана Каранташ поради изворот, на над 1200 метри, ја негуваат следбениците на прерано починатиот љубител на природата Петар Зафироски. Кире, Тони, Блаже Лимаро, Бимбе, Владо, Менде Батле и други нема ден или неколку часа слободно време да не се искачат до омиленото место. Се воодушевуваат од панорамата на градот гледана низ лесковата шума и пријатната ладовина. Прилеп го “имаат” ко на дланка за “истражување” од птичја перспектива. За недајбоже, кренале импровизирана куќарка. Се засолнуваат понекогаш од невреме. На облагородениот простор се одмораат, пијат вода, што им се фаќа на душата или ручаат по напорните маршеви. Водата од изворот ја користат и за бавчата во која се раѓаат огромни плодови зеленчук. Дури и патеките ги послале со цвеќе.

Ентузијастите носеле вреќи цемент и градежни материјали на раце по козјата патека да го создадат за уживање планиското катче. Го поделуваат со мераклии за прошетки по природата, а за Зафироски поставиле и плоча.

Инаку Каранташ, на турски значи извор.

Loading