НОВА БИТКА ПРОТИВ НЕВРАБОТЕНОСТА

Агенцијата за вработување најави три нови програми за намалување на невработеноста. Првата е практикување, наменета за лица со завршено ССС и возраст до 27 години. Фирмите кои ќе пројават интерес, немаат обврска кон практикантите и државата во рок од три месеци, а потоа одлучуваат дали ќе ги задржат. Втората е за дообука на дефицитарни кадри, кои се водат како невработени повеќе од една година. Работодавачите се ослободени од обврски три месеци, а треба да вработат 50 отсто од практикантите. И третата се однесува на кредитирањето на работодавачите во висина од 3000 евра по вработен, а отплатата е со 1 отсто камата.

Директорката Силвана Пашоска и градоначалникот Марјан Ристески ги пофалија досегашните работодавачи кои покажале интерес. Апелираа на бизнис заедницата за вклучување во програмите.

Loading