НАЈДОЛГ ПРЕОДЕН РОК

ОФС Прилеп

Летово е најдолгиот преоден рок, од 10 јуни до 31 август. Нема трансфери, според ОФС. Повеќе се шпекулации, отколку трансфери. Се тактизира и чека последниот момент. Слушаме за контакти на клубови со играчи. Немаме многу новорегистрирани. Само од 11 Октомври има одлив на играчи, кои беа од страна – вели Петре Илиоски, секретарот. ОФС се фали со бројот на членки. Покрај трите второлигаши, има шест во Трета, 19 во општински, женски тим и повеќе школи. Тенденција е да расте бројот.

– Има најава од уште четири – пет нови тимови. Можеме да ја прошириме Б лигата од седум на 10 или 12 клуба. Секое место во општинава има свој фудбалски клуб – истакнува Илиоски.

Првата лига стартува на 5 август, втората на 11 август, третата недела – две подоцна, а општинските се во септември.

Loading