Пак ќе настапи во Прилеп по неколку децении долгоногата Фахрета Јахиќ, позната како Лепа Брена, ѕвездата која при секој настап од 1980-та, па до денес, им задава шокови на машкиот аудиториум. На сликата е снимена на прилепскиот концерт во осумдесеттите. Во целост се гледаат нејзините атрибути. Витка, игрива, со изглед како Барбика. Ни машко, ни женско не остануваше рамнодушно. Мажите сакаат да бидат со неа, а жените да изгледаат како неа. Дури и децата тогаш, сега веќе возрасни, се трудеа да ја репродуцираат нејзината музика. На секоја Нова Година, годишнина од матура или прослава, уште се кршат чаши на југословенската поп – кралица.
Годините ништо не í можат на поп – дивата, која жареше и палеше во поранешна Југославија со хитовите “Ситније, циле, ситније”, “Хајде да се волимо”, “Југословенка” и многу други. Врежани се текстовите од песните кај сите генерации. И кај родените кога таа била во зенитот на кариерата. Се памети и по повеќеделниот филм “Хајде да се волимо”, каде настапуваше со легендарниот “Жика” – Гидра Бојаниќ и кремот на екс – ЈУ актерството.
На публиката на Пивофестот ќе им надојде носталгија од старите песни, ама веројатно ќе се претстави и со новите “У¢и слободно” и “Зачаран круг”. Естрадната ѕвезда, сигурно, ќе нé остави без здив со перформансот, кој ќе í биде којзнае кој по ред.