КРСТЕВСКИ НА КОЛОНИИ ВО ПОЛСКА И ВО УКРАИНА

Стрип уметникот Златко Крстевски е единствен македонски преставник на шестата меѓународна работилница по сликарство во полскиот град Томасов Лубелски. Творечка база на учесниците им е живописното место Горечко Кочиелне. Се работи за отворено сликарство, на кое Крстевски ќе ја овековечи убавината на природата и старата архитектура. Од создадените дела ќе биде избрано најдоброто, кое ќе ја понесе титулата слика на годината, а наградата ја обезбедува градоначалникот на Томасов. Крстески ќе твори на колонија во Лвов, Украина, која ќе се одржува на сплав. Прилепскиот стрип мајстор беше дел од работилницата во селото Папрадиште. 

Loading