Карате
На петтиот светски куп, рангиран од светската карате федерација, одржан во Керкира, Грција, одличен настап на прилепските репрезентативци, особено на Киријана Камческа од КК Ронин. Во дисциплината борби, во категоријата за деца од 12 и 13 години, освои “злато”. Во финале ја совлада ривалката од Русија. Камческа се искачи на пиедесталот вторпат. Во дисциплина кати и припадна “бронза”, по победата за трето место пак над Русинка. На Купот добро се покажаа близначките Мишела и Маријана Димоски и Искра Каракашоска. Учествуваа многу силни постави од Египет, Италија, Иран, Турција, Сирија, Кувајт, Кина, Русија, Австралија.
Награда и за прилепските тренери. За селектори назначени се Златко Димоски и Петар Белистојаноски, а за помошници Елизабета Димоска и Валентина Пурдеска.