ЈАПОНСКИ КРАПОВИ ВО ЕЗЕРЦЕТО КАЈ СУДОТ

Покрај пајките и гулабите во паркот кај Судот, ЈП Комуналец го пориби езерцето со триесетина жолто-портокалови и шарени јапонски крапови. Во водата и порано имаше неколку рипчиња, но сега е збогатен рибниот фонд со овие импресивни риби, кои растат како обичните крапови до пет килограми. Зафирчо Зафироски вели дека езерцето е поатрактивно со “новите жители во водата”. Рибите ќе се прихрануваат, а и во водата има алги, кои на рибите им се добра храна. Просторот е доволен да не се додава кислород, туку да се  создава со жуборењето на водоскокот – вели Зафироски, кој дома живее со неколу илјади аквариумски риби населени во десетици аквариуми.    

Loading