ИЛЈАДИ ГЛЕДАЧИ НА ПРОЗИВКА

Историја

Од денешен агол изгледа неверојатно дека некогаш имало илјади навивачи на стадионот “Гоце Делчев” на првата прозивка на Победа. Денес ретко кој точно знае кога некој од клубовите има прв собир и нема шанси да се очекуваат љубопитни на трибините. Сосема поинаку беше пред 25-30 години.

Летото 1986, атмосферата особено се загреа, бидејќи по четири години Победа се врати во Втора југословенска лига. На првиот собир, како кај гигантите Реал, Барса, Интер или Милан, илјадници со овации ги поздравуваа новите: голманот Ф. Јонуз, бекот Радевиќ, напаѓачот Коприќ… Публиката одигра важна улога сезоната. Победа избори опстанок и учествуваше уште една година.

Летото 2000, пак имаше многу гледачи на првата прозивка. Меѓу тие што истрчаа на теренот беше репрезентативецот Тони Мицевски. Публиката мислеше оти пристапил во Победа и со воодушевување го поздрави. Само тој ден тренираше, а утрото се врати во Германија.

– Многу искуство во фудбалот, ама остана една желба – да настапам пред оваа публика. Кога тогаш ќе одиграм за Победа – најави Мицевски и есента 2002, пет месеци помина во Прилеп.

Loading