Борење
Одличен настап на боречкиот клуб 7 Мај Леов на меѓународниот турнир во Обреновац, Србија. Освоени се три медали од тројца борачи. Мартин Стојаноски во категроија до 50 кг. е прв оти ги победи сите противници. По истиот урнек и Дејан Заов кај натпреварувачите до 66 кг. Гоце Митоски не пропушти да се закити со медал, освојувајќи “бронза”. Конкуренцијата ја сочинуваа ривали од Србија, Словачка, Унгарија и Германија.
Тренер покрај душеците беше Сашо Игњатовски, а правдата меѓу другите ја делеше интернационалниот судија Илчо Марковски.