АДАМЧЕСКА СЕ ВРАЌА

Ракомет

Женскиот Жито Прилеп го добива и второто засилување за наредната сезона. Пред вратите на клубот е бекот Мери Адамческа. Се чека само потпис. Претходно дојде поранешната репрезентативка, исто бек, Тања Шалевска.

На бековска позиција очигледно беа констатирани слабости и се пополнува празнината. Новите се искусни. Шалевска беше во Кабран амбалажа и во Норвешка, а Адамческа во Тутунски, Кале, Вардар и Грција.

За заминати од клубот нема информации, иако познато е дека не се смета на Павичевиќ, Штериова и Јаломитеану. Новиот тренер, битолчанецот Борче Марковски треба да прецизира датум за собир околу 20 јули.

Loading