Љупчо Јованоски – Калинче и другарот од детството Блаже Конески – Бимбе се неразделни повеќе години. Другарството од писпиле – копанче, па од морт, народна, мижитатара и челик-чомак, го негуваат децении. Не знаат лош збор да си речат еден за друг. И фамилиите им се едно. Калинче од бавчанџиската фамилија работи во Мермерскиот комбинат, а Бимбе во Тутунскиот коминат. Покрај одличите односи на маса за муабет, мајтапи и курназлаци, по работното време имаат средба на бавчата во близина на затворот. Таму одгледување на црвени пиперки под пластеници. На тк-м-тк погодената викендичка на Калинче, покрај милина зелено уредениот двор и тераса, растат црвени пиперки на околу 500 квадрати. Велат дека не прават којзнае колкав бизнис, но се мераклии да произведат квалитетни пиперки за ајвар, за свои луѓе. Пиперките се наводнуваат со систем капка по капка, се потхрануваат и затоа растат до половина килограм една. Сите се исти, како јајца, оти двајцата другари го знаат марифетот за производство.
По напорната работа “туркаат” некоја ракија со салата, приготвена од штотуку откинат зеленчук или пак се освежуваат со по некое пиво. Не ретко викендичката им е локација за другарски и семејни џумбуши. Потпекнуваат по некоја пиперка за толчење, но и фрлаат амур и свинско на дотераната скара. Ведро и расположено, каменџијата и тутунарот го врват времето за одмор.