Локалната не запира
Продолжува поддршката на Локалната самоуправа за спортските клубови. Ниту ракометот не е оставен настрана. Решенија за финансиска помош, градоначалникот Марјан Ристески им врачи на РК Жито Прилеп и РК Филип 07. Следи нивната обврска за достојно претставување на домашна и меѓународна сцена.
Општината трипати одделуваше од буџетот за спортистите. Прв доби кошаркарскиот клуб Ултимејт баскет и школата Стерјовски, а потоа фудбалските Победа јуниор, ЖФК Победа, Тризла, Прилеп сити, Млекар Мало Коњари, Г. Коњари, Тополчани… Од боречките вештини помогнати се боксерскиот АС, Кик – боксинг Шампион, Про – бокс Македонија, Џудо Пролетер, Карате Лукас, Прилеп Баше, Гоце Делчев, Боречкиот 7 Мај Леов…
Средствата се за основните трошоци за патувања, тренинзи, опрема. Останатиот дел треба да го дополнат спонзорите.