Пред јубилејното, десетто издание на празникот на пивото, бледата фотографија за некогашниот транспорт на пивото од пиварницата до анџилниците и акџилниците побудува идеја за превоз на пивото на шанковите на Пиво фестот од 12 до 15 јули на автентичен начин. Би предивикало привлечост да продефилира товарена кола со бочви со пиво, влечена со гермнски коњ и управувана од мустеќест арабаџија, дотеран автентично руво својствено за превозници на пиво. Сликата побудува и традиционален начин на отворање на чеповите на пивските бочви со дрвен чекан. Ја буди меморијата на времето кога пивото се носело во обични шишиња во дрвени гајби. Црнобелата фотографија враќа на долгогодината пиварска традиција од 1924 година. Потсетува и на пионерските пиварски потези рамни за потфат, за периодот кога се создаваше пиварница, кога се инсталираше технологија, која е темел и на денешното пиво.
Како и да е, 88 години од пиварството во Прилеп ич не е време за потценување. За среќа, сегашните сопственици не затајуваат, туку ја продлжуваат традицијата, поставувајќи модерна и современа технологија за квалитет на слатко горчливата пивска пена.