Гимнастика
Гимнастичарите на КГС Партизан и летово “лакоми” за сите награди. Собраа сé, од медали до пехари. Петта година се најдобри на пионерскиот повеќебој, во Охрид. Прваци се во женска, машка конкуренција и севкупно. Поединечно шампиони се: Андреа Ангеловска, Кристина Христоска и Сара Ѓорѓиоска. Втори места освоија Симона Аврамоска, Џилијано Адамчески, а трети на пиедестал се Леонида Стојаноска, Јосиф Стојчески, Ева Илиоска, Џулијано Христоски, Ирена Димеска и Андреј Деспотоски.
Повозрасните од клубот беа на турнир во Марибор, Словенија. Дино Бошњак е седми меѓу 36 учесници, 24. место е Стефани Спиркоска, а на 31. е Андреја Англелеска.