Овен Во кариерата претстои времесо искушенија, надополнето со стресови, борби и докажувања. Поставете ги на вага сите материјали и сознанија и дејствувајте. Размислувате како да го зацврстите со блиската личност.
Бик Работните задолженија се остваруваат полесно. На здравјето влијае живеењето во друштво. Се подобрува приватниот живот. Луѓето стануваат отворени. Доаѓа освежување со излез на убаво место.
Близнаци Покажувате зрелост за задачите. Емотивните маки се решаваат со свртување кон работните обврски. Малите љубовни проблеми ќе се ублажат со позитивните влијанија и секојдневната преокупација.
Рак Работно тешко се сложуваат сите коцки. Ќе успеете, совладувајќи ги бариерите. Лесно ќе комуницирате. Затоа опуштете се. Не се дистанцирајте од саканата личност.
Лав Во кариерата, климата е поволна. Работите без премногу грижи, но со напор. Внимавајте да не прегорите. На повидик се пречки и фрустрации. Вешто ќе се надминете.
Девица Наместо на емоциите, на работата гледате подобро да ја искористите можноста за напредок. Не заборавајте добро да се наспиете. Личните врски ќе ги ставите на мала дистанца.
Вага Претстојат деловни потези за покажување на знаењето. Се очекуваат лидерски способности. Не претерувајте на луксузот. Не ја убивајте спонтаноста.
Скорпија Во професионалниот ангажман, време е за селекција од луѓе со кои сте во постојана комуникација. Не трошете драгоцено време за небитни работи. Ослободете го непотребниот умствен товар. Намалете со јадење и повеќе движете се. Секојдневните емоции предизвикуваат убавина и динамичност.
Стрелец Во работата, ќе развиете комуникација за патување која ќе разбуди нови работни идеи. Не сфаќајте ги сериозно работите кои не ви одат во прилог.
Јарец Збунетост и конфузност на емотивен план. Но, за кратко, по што ќе бувнат поттикнувачки мисли. Прилагодете се и умешно прифатете компромис.
Водолија Можевте повеќе, но нема место за незадоволство. Сите свои сили ги насочите во зацврстување на постигнатото.Сега, лежерноста не ја префрлајте на работа, оти се бара повеќе труд и креативност.
Риби Внимавајте да не се прелеат љубовните маки на работниот ангажман. Има тешкотии во развојот на кариерата, но минливо е. Не се разочарувајте. Сé се движи во позитивна насока.
![]()

