Овен: Се случуваат работи за кои немате објаснување. Сте заслужиле повеќе. Затоа сте незадоволни. Во заблуда сте. Итно вразумете се. Слушнете ги проблемите на партнерот. Бидете одлучни.
Бик: Еднострани сте. Во право сте само вие. Објективноста ви е слабост. Со залагање остварувате резултати во сé со што се занимавате. Имате поддршка. Го знаете рецептот за среќа.
Близнаци: До сé се доаѓа тешко и макотрпно. Се прашувате до кога ќе издржите. Трпеливост уште некој ден. Немате мотивација, па одложете ја работата извесно време. Учете се на трпение.
Рак: Ќе ги стекнете сите шанси за работата да се тргне од мртва точка. Поволни околности делуваат на вашиот живот. Релаксирајте се во прегратка на саканата личност.
Лав: Преплавени сте со чувства. Има несогласувања со соработниците и стравувања поврзани со работата. Без партнерот не можете, а со него ви е тешко. Дружете се со лица кои помагаат со здрави совети.
Девица: Планоирате нови почетоци. Не се откажувајте. Почнувате нов стил. Ќе тргнете во освојувачки потфати на деловно и љубовно поле.
Вага: Претстои лоша комуникација. Молчете, бидејќи непромисленоста е скапа. Бидете практични. Емотивниот несклад е лош за здравјето.
Скорпија: Некој си игра со трпението. Само што ќе помислите дека ќе ви помогне, ви врти грб. Ве фаќа блага паника, но состојбата е повеќе од сигурна. Претстои возбудлива средба.
Стрелец: Се чувствувате креативно, активни сте и комуникативни. Концентрирајте се и учете толеранција, бидејќи тоа го немате. Љубопитни сте и прифатете ја понудата за средба.
Јарец: Практични сте и без фантазии. Со молчење работите. Сî е под контрола да влечете правилни потези. Има шанси да доживеете љубов.
Водолија: Можете да ги пребродите маките со организираноста. Не сте задоволни од меѓучовечките односи. Расположете се за подбрување на емоциите.
Риби: Окупирани сте со материјални проекти и работа. Паѓаат во вода сите други комбинации. Ако дојде нова работа, треба да ја прифатите, бидејќи постои шанса за заработка.
![]()

