МАТУРА ПО ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ

 

 

На 40 години од матурањето, генерацијата  71/72 во гимназијата се собраа триесетина матуранти на средба. Некои без коси, други обелени, трети обоени, го вратија филмот на лудите години. Покрај традиционалниот час и прозивка од двајца од професорите, се потсетија на вицевите и финтите, на забавите, закачките, на кецовите и петките. Ги имаше и доктори и правници, и економисти и наставници, бизнисмени и директори. На прославата во ресторанот Амфора, заиграа фалцер и танго, роцк анд ролл и твистинген. Не им одеа лесно нозете како порано на орото и чочекот, зашто веќе се во шестата деценија од животот 

 

Дел не доживеале да слават четири децении матура. 

 

Loading