Карате
Тројцата членови од КК Лукас, Константин Василески, Звонко Николоски и Цвете Јанеска се поканети на летен камп во Апатин, Србија од 9 до 15 јули. Избрани се како најдобри во своите категории. Предвидени се тренинзи по програмата на Петар Косановиќ, селектор на Србија, кој со своите натпреварувачи освојува медали од европски и светски првенства.
– Нашите каратисти се потенцијални носители на меѓународни трофеи. Веруваме во квалитетот, кој носи континуитет на нашите успеси – вели Златко Настески, тренер во тандем со Ахил Јаков.