НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП – 06.03.2026 – 13.03.2026

Овен: Ситуацијата бара трпение, а парите ви се лизгаат низ раце. Чувајте се од провокации и импулсивности. Предност í давате на личната слобода.

Бик: Размислувате за преселба. Ќе им помагате на помалку успешните соработници за остварување на заедничките интереси. Внимавајте на бурните реакции.

Близнаци: Најпосле можете да здивнете. Ве очекува заслужен одмор и опуштање. Ве очекува помирен период. Претстои авантура. Не брзајте!

Рак: Сонувате будни. Тешко се помирувате со реалноста која не ги исполнува очекувањата. Ако сакате да постигнете деловен успех, жртвите се неизбежни.  Тоа е стварноста.

Лав: Мудро влетувате во деловни потфати. Сфаќате дека немате што да загубите. Кој ризикува, тој добива. Сонувате романтика, некој да ве гали. Трпеливо.

Девица: Импулсивни сте и реагирате во афект. Работата е во застој. Додека се обидувавте да им помогнете на другите, излезе дека помош ви е потребна. Оддишка и препуштете се на уживање.

Вага: Влеговте во помирен период. Чувствувате дека сте духовно и интелектуално стабилни. Сите акции се урамнотежени. Добивате унапредување, кое доцни повеќе време.

Скорпија: Влеговте во среќен период. Добро сте расположени, иако немате конкретни причини. Со соработниците не стоите баш најдобро, но ќе испливате. Живеете во светот на фантазијата.

Стрелец: Се чувствувате болно. Случувањата околу, ги доживувате емотивно. Убаво тргна, но од пари ништо. Многу труд вложувате во потфат чиј исход е крајно неизвесен. Потребно е многу трпение.

Јарец: Не е лошо. Сите околу се нервозни, а вие мртви ладни. Се прашувате, што им е. Успеавте конечно да ја сфатите смислата на животот. Не се случува ништо ново. Размислувате за отказ и нов почеток.

Водолија: Се јавува желба за наметнување каде не ве бидува. Морате да бидете објективни, ако сакате да извлечете максимум. Мора да станете умерени. Поемотивни сте од нормални околности.

Риби: Романтични сте. Голем дел од слободното време го минувате со друштво. Не сте задоволни од работите, посебно ако се сведува на рутина. Размислувате за промени или иновации. Многу време минувате во страв  од промени.

Loading