Карате
Ниту летото не е празно за каратистите. Членовите на КК Ронин од 2 до 8 јули ќе настапат на Светскиот куп за млади од 11 до 17 години, на Крф, Грција. Клубот партиципира со четири учесници: Искра Каракашоска, Маријана Димоска, Мишела Димоска и Киријана Камческа. Сите се освојувачи на балкански медали и сега е предизвик најсилниот меѓународен натпревар. Најавени се ривали од Египет, Иран, Кореја, Шпанија, Обединети Емирати…
Кон крајот на јули сениорскиот тим на Ронин Верица Трајкоска, Зорица Спиркоска и Поликсенија Јованоска, плус Даниел Петкоски поединечно, ќе настапат на Светското студентско првенство во Братислава, Словачка.
– Имаме сили за нови медали. Затоа се подготвувавме во Охрид – оптимисти се тренерите Елизабета и Златко Димоски.