СЛИКИ ОД МИРЈАНА БУБЕВСКА

Фрустрациите како дел од животот” е тематската изложба од Мирјана Бубевска што ќе се отвори в понеделник од 20 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Младата уметница првпат пред Прилепчани ќе се претстави со реалистичните слики, кои ги вметнува во инсталации или објекти. Делата претставуваат еден интерактивен медиум, што овозможува да ги допираат, да се заинтригираат и, на крај, да ја препознаат состојбата која авторот го претставува своето видување на општеството.

Мирјана Бубевска, завршила сликарство на ФЛУ во Скопје во класата на професорот Рубенс Корубин. Учествувала на повеќе групни изложби на млади ликовни уметници, како и на повеќе ликовни колонии од кои најзначајна е Првата меѓународна студентска ликовна колонија “Препознавање” во Ниш, Србија.

Loading