“АНТИЦА” ДВАПАТИ НА СЦЕНАТА ВО ЗАГРЕБ

 

Театарот на фестивалот “Еуроказ” во Хрватска

 

Со претставата “Антица”, по текст на Ристо Крле, во режија на Бранко Брезовец, ансамблот на нашиот театарот ќе учествува на 26 издание на фестивалот “Еуроказ” во Загреб, Хрватска. Прилепските актери двапати ќе излезат на сцена во театарот Гавела, на први и втори јули.

 

Од ЦК “Марко Цепенков” велат дека гостувањето е потврда за квалитетот на претставата и дека прилепскиот театар е  водечка драмска куќа во земјата.

 

Годинешниот “Еуроказ”, кој започна на 27 јуни и трае до 2 јули, во еден сегмент од програмата, ги истражува можностите на иновации во музички театар.

 

Според Гордана Внук, уметнички директор, фестивалот, годинава  носи врвни театарски ансамбли, во кој се вбројува и на нашиот театар.

 

– Гледачите ќе можат да учествуваат во необичните и фасцинантни искуства кои ги менуваат нашите навики на перцепцијата и идејата на уметноста – вели Внук.

 

“Антица” гостуваше и на “Скопско лето” а минатата година и на фестивалот “Еуросцена” во Лајпциг, Германија.

 

Loading