Даниел Талески
Младиот десен бек на Победа јуниор, Даниел Талески, се наметна со добри игри последните две сезони во третата и втората лига. Им влезе во “нишан” на прволигашките клубови, кои летово се натпреваруваат во понуди. Најмногу се споменуваат Хоризонт Турново и Силекс.
– И летово тренирам секојдневно со Коле Вецески. Верувам дека можам во највисокиот ранг, на професионалната сцена – вели Талески.
Многумина го споредуваат со легендарниот Иван Мечев, бек во Победа. Физички предиспозиции има, продорност по десната страна, центаршут и страотен удар. Постигна неколку убави голови.
– Раполага со неверојатна природна сила. Верувам дека сé може да издржи и да успее – истакнува тренерот Вецески.
Од Победа јуниор покрај Вецески, замина уште шпицот Трајкоски.