НОВИ КЛУБОВИ

Во петта лига

Фудбалот од една страна е во криза, од друга е се помасовен. Можеби во право е тезата дека немоќен е професионалниот фудбал, а во развој аматерскиот. Егзистираат триесетина екипи, а за наесен се најавени уште пет – шест нови од руралните средини. Се слуша дека Црнилиште и Воѓани се реактивирани, а вклучување готви и Ново Лагово. Напори правеле и во Галичани, Дебреште, Сенокос, Беровци…

Во ОФС Прилеп не коментираат ништо, информираат само откако ќе се достави комплет документација. На сите им годи бројот екипи. Што повеќе, толку поинтересно. Петтата лига би требало да биде повозбудлива од лани, кога во трка за врвот беа првакот Варош Електроелемент, Прилеп сити и Слога Лажани. Последниот ранг не е за потценување, паѓаат многу голови. Во четвратата лига се поквалитетните, како лани Братство Житоше, екипа која напредуваше до Трета лига.

Новите првенства во општинските лиги почнуваат во септември.

Loading