КАМП ВО ДОЈРАН

 

Борење

Борачите на 7 Мај Леов, со тренерите Сашо Игњатовски, Илчо Марковски и Александар Стојаноски, реализираат подготовки во Дојран. Работат во камп од меѓународен карактер, организиран од македонската федерација. Тренинзите ги води доскорешниот селектор Страшо Глигоров. Присутни се и српски репрезентативци.

БК 7 Мај Леов претходно имаше одлични настапи на меѓународен турнир во Италија, каде беа освоени три медали.

Loading