НОВИ РАБНИЦИ

            

Зимата што помина беше остра и студена, па ни камен не можеше, а да не пукне. Гранитните рабници пепел се сторија од ниските температури, Сега, пеколот му е капак и на каменот. Времето си го зема данокот кај плочките на плоштадот, а и на рабниците покрај пешачките премини. Еве стигна и глобалното затоплување. Со температури над 35 степени бараме чаре во некоја ладовинка или просторија со клима. Ама сенка нема за работниците. Не им смета пеколното сонце. Си ја знаат работата. Од сабајле, па до кога треба, работат на санирање на она што зимата го однесе во неврат. Со циркуларот в рака и со лопата ги местат новите рабници и плочки за летната сезона. Грев е некоја дама да ја скрши штиклата на разјадените плочки или, недај Боже, да се сопне. Со тоа на ум, работниците неуморно санираат за да може да се шетка слободно и со главата горе и очилата за сонце меѓу очи. 

Loading