ЛЕТНИ ГОСТУВАЊА НА ТЕАТАРОТ

           

Театарот со три претстави во наредните неколку денови ќе има летни гостувања на културни лета. Првото е утре на традиционалната манифестација “Штипско културно лето” со претставата за деца “Јунаците од бајките”, во режија на Петар Димоски. На 25 и 26 ансамблот гостува во Скопје на “Скопско лето”. Скопската публика ќе ги проследи, в понеделник во МНТ, “Антица” во режија на Бранко Брезовец, а вторник во Драмски театар најновата претстава “Змејовата невеста” во режија на Нела Витошевиќ. Нашиот театар ќе се вброи во големите учесници на “Скопско лето”, кои ќе ги прикажат своите врвни уметнички достигнувања, бидејќи програмата ги задоволува најпребирливите трагачи по културен туризам.

Loading