ВИЦЕПРВАЦИ СО ЕДНА ТОПКА!

ФК Прилеп сити

          

Фудбалот привлекува и во најнискиот ранг. Во петтата лига шампион е Варош, а втор Прилеп сити. Новоформираниот клуб немаше свој терен, патуваше до Тополчани, а тешко се снаоѓаше со опрема и реквизити. Фудбалерите издржуваа охрабрени од неуморниот ентузијаст Коста Мирчески. Имавме само еден комплет дресови и една топка. Тие за тренинг, тие за натпревар. Скромни сме и сме благодарни што Локалната помогна со пари полесно да испливаме – вели Мирчески. Прилеп сити е со половина англиско име, но со стоотсто градски обележја. На амблемот се: тутунот, Карпалак, Саатот и Могилата.

Loading