УРИВАЊЕТО НА КУЌАТА НА ЧУМОВЧАНИ

            

Во почетокот на минатиот век од селото Чумово заминале на печалба преку Влашко и Марсеј во Америка, браќата Ангеле и Блаже Котески. Каде пешки, каде со запрежни коли и воз, а оттаму преку Атлантикот цел месец со параброд до Њујорк. Во “ветената земја” работеле во коксара, во Чикаго. Тешко спечалените пари ги чувале и ги праќале по нашинци дома. По години гурбет, се вратиле во Прилеп, а во 1918 година изградиле куќа. Ќошот станал крстосница и се вика “кај Чумовчани”. Тука се доселиле и куќи изградиле и другите двајца браќа. Со урбанизацијата во 1952 година се прошириле улиците “Сотка Ѓорѓиоски” и тогаш “Битолска”, па “Моша Пијаде”. Фотографијава го доловува моментот кога се уривала куќата градена по американски терк на Ангеле, а потоа и на Блаже. Била на два ката, со дуќан и визба. Имала ограда од ковано железо, балкони и модерна фасада. Се туркала рачно, цигла по цигла, зошто материјалот требало да се искористи за нови куќи од едната, а и од другата страна.

            На местото на куќата на Блаже и Ангеле, изградена е нова куќа, пак  од потомците на Чумовчани.

            Улиците повторно се стеснија, но крстосницата уште се нарекува “Кај Чумовчани”.

Loading