ТОПОЛ ДОМ БОЈАДИСУВА ЗОНИКОМ

Експерт за бојадисување со поликолор

Претстои изолација и обојување на фасади

            Да се направи домот топол, а амбиентот пријатен, важен елемент се боите на ѕидовите и марифетот на нанесување на квалитетните бои. Со оваа девиза е тргната во освојување на муштериите  новата фирма на бизнис небото, Зоником. Сопственикот Зоран Митаноски бара простор за “живот”, иако зад него стои речиси десетгодишно искуство. Ориентација му е бојадисувањето, главно со еколошки бои, мазнење на гипс – картонски ѕидови, малтарени ѕидови, потоа рапави ѕидови во собите, таканаречен абрихт, и бојадисувањето со мрсни бои на огради, скалила и дограма.           

            Митаноски кажува дека фирмата е млада. Постои од септември. Не се жали, но првите моменти му укажуваат дека е мачно пробивањето на пазарот во силна и нелојална конкуренција. Особено поради тоа што бизнисот му е сезонски. Граѓаните бараат услуга за бојадисување само лете и на есен. Сапак, не е песимист, туку се надева дека понатаму ќе преземи посериозни зделки со градежниците за финиширање, односно  комплетно обојување  на големи станбени и деловни објекти.

            – Го легализирав бизнисот и сум убеден дека ќе успеам. Не побарав помош од државата, туку се борам со квалитет и цени да ги освојам муштериите – кажува Митаноски.

            Занаетот го совладал како калфа. Бил припомош на мајстори. Таму стекнал  знаење и рутина.

            – Работам на помали објекти, на куќи и станови. Уште не сум “фатил” големи објекти. За квалитетно молерисување е потребно профилот што се мачка да е солиден. Главно муштериите преферираат да им мачкаме со поликолор, а помалку со вар. Поликолорот е еколошки. Баран е, оти не се оштетува ѕидот, има снежно бела боја, и се нијансира според каталог и избор на муштеријата. Плус, лесно се одржуваат ѕидовите. Може да се чистат или да се избришат со влажна крпа без последици. Корекциите на оштетувањата се лесни и ефикасни. Се напушта традиционалното варосување, оти се појавува жолтило на ѕидовите –  истакнува младиот претприемач, Митаноски..

            Мазнењето на ѕидовите го прават за 2.5 до 5 евра по м2 во зависност од материјалот кој ќе го одбери муштеријата.

            – Цените се соодветни на нашиот стандард, покрај дивите конкуренти кои ги туркаат цените. Трошоците се високи, оти за шест месеци, треба да извадам 12 плати. Шлајфам рачно за подготвка на ѕидот пред обојување. Санирам стари ѕидови без машина. Ако напредувам побрзо, планирам да набавам – открива Митаноски.

            Тој следи новини на презентации, што му помагаат за усовршување на занаетот. Се носи со идеја за поставување на гипс – картонски плочи, абрихт, но и за изолација и комплетирање на фасади.

Loading