ТЕСНИ ОДОНОСИ НА ЛОКАЛНАТА И БИЗНИСОТ

Економско – социјален совет

Ќе се формира едукативен центар за насочување

            Јан Хартовиќ и Мартина Јошева од УСАИД им го презентираа на членовите на економско – социјалниот совет проектот на УСАИД “Младинска мрежа” за стекнување на вештини за вработување.  Тие објаснија дека станува збор за помасовно вклучување во дијалог меѓу бизнис секторот, образованието и синдикатот, со цел да се подготвуваат повеќе кадри, соодветни на пазарот на трудот. Покрај претставниците од локалната самоуправа и јавните претпријатија, од земјоделството, образованието, високото, средното и основното, учествуваше и бизнис секторот и невладините организации.

            – Проектот ќе овоможи формирање на едукативен центар, комплетно опремен и финансиски поддржан и со помагала за проширување на дијалог и за насочување на младите во продолжувањето на образованието, според потребите на стопанството – рече градоначалникот Марјана Ристески.

            Членовите на советот се запознаа со регионалниот проект за поддршка на малите и средни претпријатија, поддржан од УСАИД. Карл Ларкинс, директор на проектот, изјави дека фокусост е насочен кон локалните самоуправи.

            – Со тесна соработка со локалните самоуправи, ќе се обидеме да  му помогнеме на приватниот сектор да се развива, да расте и да отвора нови работни места. Првин се работи со економските совети на градоначалниците, потоа со компаниите, но и на остварување на меѓусебна соработка на малите и големите фирми. Практично се обидуваме да креираме нови работни места – изјави Ларкинс.

            Членовите на економско – социјалниот совет се информираа за  вклучување во тендерот на ЈП Водовод и канализација за активирање во водоводната мрежа на десетте нови бунари со дополнителни 140 л/сек,  со што за секогаш ќе се реши комплетно водоснабдувањето во градот лете. Локалната самоуправа извести и за изнајмување на просторот за Пивофестот и за продажбата на локациите во индустриската зона Прилеп 1. Идната недела ќе се објави лицитацијата за пет локации, а за неколку недели уште за седум нови локации, од кои и големите од одколу 15 000 м2. Паралелно се работи на новиот ДУП за новата индустриска зона наречена Прилеп 2 со уште 15 – 20 нови локации за градба на хали за мали и средни претпријатија.

Loading