Успешно беше дебито на првата манифестација Палачинкијада, покрај камената бина, која, за крајот на учебната година, ја организираа локалните власти со женските асоцијации. Поделувањето на две илјади палачинки на децата претставува и почетокот на културното лето. Се стави акцент и на одморот на децата и движењата низ чаршијата. Манифестацијата ја збогатија учениците од музичкото училиште, од ОУ “Кочо Рацин” и, на крај, гостите од Франција – Barrio Populo. Градоначалникот Ристески ја поздрави идејата и посака пријатен одмор до септември, кога децата подготвено ќе влезат во новата трка по знаење.