РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТАРА ЦРКВА ПО 175 ГОДИНИ

           

По 175 години се санираат таваните, се реконструираат ѕидовите и галеријата, (популарно наречена женска црква) во храмот Свето  Благовештение. Се поставува и нова дограма и под. Ова е трет дел од проектот за разубавување на црквата. Првин ја сменивме електричната инсталација, потоа се поставија нови керамиди на покривот. Сега се дотеруваат ѕидовите и таванот. Под малтерот излегува камен и цигла, што говори за начинот на градбата на храмот. Со овие зафати се враќа автентичниот лик што црквата некогаш го имала, оти ќе следи и замена на подот и уредување на ентериерот – вели старешината Златко Ангелески. Реконструкцијата е под надзор на Заводот и Музеј, зашто дозвола даде и  Конзерваторскиот центар.

            Средствата во висина од 60 до 80 илјади евра ги обезбеди МПЦ, а градежните работи треба да завршат до празникот Свети Илија.

Loading