“ПРОЧКАРИТЕ” НАГРАДЕНИ ВО АЛБАНИЈА

           

Второнаградените на годинешниот маскенбал Прочка, 2012-та -“пантомимичари” од СОУ “Ристе Ристески – Ричко ја претставија Македонија пред албанската публика во Корча на интернационалниот карневал. Тие ги освоија симпатиите на домаќините со перфоманс, комбинација од познатите пантомимичарски движења и модерен балет. Со безвучните движења биле атракција и публиката заслужено им ја доделила титулата –  најмаска.

Loading