ОДБЕЛЕЖАНИ 20 ГОДИНИ АРМ

            Дводецениското постоење на Армијата на Република Македонија беше повод за трибина во салата од градската библиотека. Пензионираните генерали Илија Николоски, Митре Арсовски и Борис Стојаноски, како и претставници на генералштабот на АРМ, полковник Тони Попоски и потполковник Ванчо Тасевски говореа за тешките почетоци за основање на сопствена војска, партнерствата со земјите членки на НАТО, идните планирани реформи, учеството на нашите војници во мировните мисии и аспирациите за конечно членство во Северно Атланската Алијанса.

Loading