Борење
Голем успех на Боречкиот клуб 7 Мај Леов. Тројца млади членови предводени од тренерите Сашо Игњатовски и Александар Стојаноски, направиле “ршум” во Џенова, Италија, на меѓународен турнир. “Златото” е за Леонардо Насески во категорија од 12 до 15 години со победи над ривали од Германија, Б Унгарија и Италија. “Сребро” освои Дино Еленин меѓу деца од 10 до 12 години, преку победи врз Германија А и Б и Франција, а поразот е во финале од Италијанец. Истиот пласман е за Теодор Темелковски со врсници од 12 до 15 години. Совлада Германче од А тим и Италијанче, загуби од Французинче. Освоен е голем пехар за најдобар странски клуб.
Паралелно успех и на Илчо Марковски, кој во Лариса, Грција, положи испит за интернационален судија.