КОМУНАЛЕЦ ДЕЛИ КАНТИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД

            Комуналец веќе ги дели зелените канти за органски отпад и жолтите за селекција, откако пред неколку години ги направи првите чекори за селекција на ѓубрето. Зелените канти за органско ѓубре, граѓаните ќе можат да ги купуваат од Комуналец на 24 рати по 50 денари, а жолтите за неорагански смет се делат бесплатно. Досега се купени повеќе од три илјади, а комплетниот проект го сочинуваат повеќе од 20 илјади канти.  

            – Одржувањето на кантите ќе биде одговорност на граѓаните додека се селектира сметот. Ако неколкупати не се врши селекција на сметот, кантите ќе се одземаат и ќе се применат други мерки, нагласуваат од Комуналец.

            Комуналец веќе склучи договор за градба на фабрика за преработка на градскиот смет кај депонијата Алинци.

Loading