ГРЦИТЕ ДОАЃААТ

Пинг – понг

            Утре е пријателскиот двомеч помеѓу младите пингпонгари на Младост 96 и врсниците од Лерин 2009, Грција. Мечевите ќе има на четири маси во салата од СОУ “Орде Чопела”. Цел ден ќе има дуели од голема полза, поради нужноста од нови ривали. Посетата на Грците е возвратна. Пред еден месец Младост 96 гостуваше и победуваше на повеќето мечеви. Разменети се искуства и воспоставена е соработка.

            Кон крајот на јуни е планиран меѓународен турнир во Лерин, на кој ќе учествуваат најдобрите пингпонгари на Младост 96.

Loading