ДОНАЦИЈА НА ХИДРАНТИ

 

 

Јапонска донација од 56 надземни хидранти доби Прилеп, населените места и соседните општини преку Центарот за развој на пелагонискиот регион. Хидрантите ќе помогнат противпожарната единица поефикасно да дејствува при пожари. Поставувањето ќе започне од идната недела и ќе трае десетина дена. Хидрантите ќе овозможат побрзо совладување на огнените стихии, зашто возилата нема да се враќаат на полнење во противпожарната станица. Ќе можеме директно со црева, непрекинато да гаснеме во тесни простори. Покрај ефикасноста, штедиме и пари за гориво и непотребно движење на цистерните. Со стручнаците на ЈП Водовод и канализација ќе ги утврдиме приоритетните локации за поставување на хидрантите. Дел ќе се инсталираат во населените места, каде шо има технички можности – вели Станко Колески, командир на противпожарната единица. Во градот се поставени триесетина надземни и стотина подземни хидранти. Раководителот на Центарот за равој на Пелагонискиот плански регион Емилија Геровска најави донација уште на 56 хидранти и опрема за киното во ЦК. “Марко Цепенков”. 

 

Loading