11 Октомври
По отпаѓањето од Првата лига, почна разделбата со играчите во 11 Октомври. Дознаваме дека исписници подигнале голманите Пеце Коруновски и Александар Игески, за врска Владимир Петрески и напаѓачот Благоја Гешоски. Првиот и последниот не се знае која насока ќе ја одберат. Игески е нов член на Металург, додека Петрески среќата ја бара во Германија. Шанса за трансфер имаат Новче Ацески во Силекс и Јорданчо Наумоски. Тој беше во камп на дански Бродби, а, во јануари кога ќе биде полнолетен, треба да потпише за Копенхаген. Нови играчи нема. Тренерот Тони Наумоски закажа прв собир за 27 јуни.