БЕГСТВО ОД АСФАЛТОТ

            Педесетина планинари од ЕПД Картуш, “им скиснало” од градските жештини па фатиле пат под нога во недопрената природа со пониска температура. Маршрутата, долга 30 километри, ја минале лезет, без форсирање, оти глетките биле незаборавни. Почетокот бил кај селото Витолиште, продолжило до Каралаштина Чешма, Бела Чешма, преслапот Железна Врата, месноста Трибор и кружниот марш завршил во селото Витолиште. Маршот бил покрај борова шума каде не се чувствува ни “и” од индустријализација и е погоден за секаков вид на туризам.

Loading