Прилеп конкурира во ЕУ со три проекти за соработка со грчките општини, Воден, Лерин и Серез. Два проекта се за унапредување на прекуграничниот економски развој и за унапредување на животната средина и културното наследство:
Винета Иваноска од одделението за локален економски развој вели дека стремежите на двете страни се промоција на одржлив туризам, под името “Еко тура Лерин – Пелагонија”.
– Намерата е да се пренесуваат туристи до туристичките локалитети од двете страни со возила на електричен погон, со што ќе се афирмираат еколошките аспекти. Вториот проект е тренинг програми и механизми за поддршка и подобрување на претприемништвото во прекуграничниот регион. Во областа на унапредување на животната средина и културното наследство, проектот се вика “Балкански рути на градови – тврдини”, со кој целиме да се доградат туристичките патеки под Марковите кули во Прилеп, да се постави инфо центар и да се организираат настани за промоција на културното и природното наследство во населбата Варош. Од другата страна, и во Воден има населба со такво име – вели Иваноска.
Партнерите нема да се оптоваруваат со меѓудржавниот проблем и ќе се насочат на привлекување на средства од предпристапните фондови на ЕУ.
Се очекува, прифаќање на проектите, вредни од 200 илјади до 1,2 милиони евра до крајот на годинава.
![]()

