“СРЕБРЕН” СТАНА ХОРОТ НА ОУ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”

На државното првенство за хорови, танцови групи и оркестри во Кавадарци, вкупно 42 ученици од ОУ “Гоце Делчев” го освоија второто место за хорски настап. “Противници” им биле 24 хорови од државава, а златото заминало кај скопјаните. Сепак, голема е сатисфакцијата и кај учениците и кај менторот Љупче Мирчески за одличната изведба. Од кога постојат регионални натпревари, три години наназад, ОУ “Гоце Делчев” е секогаш на првото место. Мирчески кажува дека е благодет да се работи со ученици кои се редовни и добро воспитани. Водењето на училишниот оркестар и хорот нему не му претставува тешкотија, туку задоволство. Од друга страна, училиштето е единственото што за денот на просветните работници 24-ти Мај, додели награди за најуспешните ученици кои добиле награди на општинско, државно и меѓународно првенство. Недостигале пофалници, оти бројот на наградени бил преку 50. Директорот Каралиоски ветува дека оваа убава традиција ќе продолжи. 

Loading