СПЕКТАКУЛАРЕН ЕПИЛОГ НА НАЈПЕТКА

Трета година неделникот Зенит ги избра најпеткашите. Одлични домаќини беа носителите на наградата за најучилиште лани – ОУ ,,Кире Гаврилоски – Јане,,.

            Со признанија се закитија најуспешните и најдобрите ученици, наставници, најдобар клас и најуспешно училиште.

            Честа, но и одговорноста за најучилиште ја понесе ОУ “Добре Јованоски” за постигнатите резултати изминатава година, а наградата ја прими директорката Виолета Лашкоска.

{vsig}PETKA/209/Najpetka{/vsig}

            За изборот на најодделение се радуваа учениците од 7-1 од ОУ ,,Климент Охридски,, со класниот раководител Лидија Карапееска.

            Со кренати раце горе излегуваа на сцената најучениците: Стефан Неделкоски – 8-г од ОУ “Гоце Делчев”, Давид Лазароски – 6-3 од ОУ “Блаже Конески”, Андреј Патоски – 8-а од ОУ “Кочо Рацин”, Бисера Галеска – 4-1 од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, Марија Мирческа – 8-а од ОУ “Рампо Левката”, Бисера Јованоска – 8-3 од ОУ “Климент Охридски” и Кристијан Велески – 5-1 од ОУ “Добре Јованоски”.

            Најнаставници за учебната 2011/12 беа: од ОУ ,,Гоце Делчев,, – Кети Иваноска, од ОУ ,,Блаже Конески,, – Тони Николоски, од ОУ ,,Добре Јованоски,, – Маја Најдоска, од ОУ ,,Кире Гаврилоски – Јане,, – Розита Кареска, од ОУ ,,Кочо Рацин,, – Димитрија Дивјакоски, од ОУ ,,Климент Охридски,, – Јулија Талеска и од ОУ ,,Рампо Левката,, – Тања Илиеска.

            Наградите беа доделени проследени со забавна програма, подготвена од учениците на ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”. Одличната приредба ја отворија второодделенците со балет, а потоа следеше изведбата на “Одата на радоста” од Бетовен со прекрасна костимографија. Импресивен перформанс имаа учесниците кои ја прикажаа најдобрата сцена од анимираниот филм Убавицата и ѕверот. Некои од публиката се сетија на младоста со одлично кореографираната и безвременска “Ламбада”. Манифестацијата ја завршија танчерките со модерен ,,бит,,.

            Директорот на училиштето – победник лани – Николче Кузески се заблагодари на градоначалникот Марјан Ристески за интересот што тој лично и локалната самоуправа го посветуваат на образованието, а особено на основните училишта.

            – Со проектите на Општината секое училиште заслужува да биде нај – рече Кузески.

            Градоначалникот ги потенцира вложувањата во образованието, како најважни за едно општество, затоа што, во убава атмосфера се стекнува добро знаење. Додаде дека резултатите од наградите на сите нивоа се сведоштво дека вложените средства во училиштата се гаранција за понатамошно успешно образување.

Loading