Компанијата “Комфи Ангел” и организацијата “Центар за граѓанска иницијатива” потпишаа договор за соработка според кој двата партнери ќе ја промовираат и практикуваат општествената одговорност, грижата за развој на заедницата, подобрувањето и заштитата на животната средина.
– Содржината на договорот се конкретни промени од корист за граѓаните и бизнис секторот – рече Гоце Тодороски од Центарот за граѓанска иницијатива.
Двете организации почнале реализација на проект за искористување на сончевата енергија во Комфи Ангел.
![]()

