Тони Павлески, поет

Тони Павлески, како единствен поет од Прилеп со осум песни е застапен во збирката поезија ,,Со стихот зборувам,, во која партиципираат уште 36 автори од балканските земји. Иницијативата за збирката ја покренал поет од Црна Гора. Чест и задоволство е да бидеш застапен во вакво значајно издание, во кое партиципираат поети од поранешните ју републики. Идејата сосем случајно се роди по контактите што меѓусебе ги имавме на фејсбук. Решивме нашите стухови да ги пренесеме на хартија, а потоа во збирка. Објавени ми се осум песни во кои се опфатени социјални и љубовни теми. Збирката ќе ме поттикне за натамошно творење – објаснува Павлески. Тој подолго време пишува поезија, а членува во Клубот на литературни творци.
– Секој поединечно притисокот на времето различно го ослободува. Некои сликаат, други пеат, ние поетите пишуваме стихови. Да се твори значи да се ,,излева,, душата. Пишувањето е дел од мојот живот. Сакам на хартија да ги пренесувам зборовите за сите ситни нешта што не опкружуваат, за она што влијае врз нас луѓето, за социјалата, љубовта – раскажува поетот.
Павлески досега има издадено две збирки поезија. Првата во 2002 година ,,Воскресозборие,, и втората ,, Икона,, во 2005 година,,.
Пишува и хаику поезија. Има собрано материјал за збирка, но му недостигаат финансии за да го види светлото на денот.
![]()

