Пинг понг
Спортските и животни маки ги обелоденува Зоран Јованоски, селектор на пингпонгарската репрезентација, тренер и играч на ПК Младост. Животот го подари на целулоидното топче, за афирмација на државата и градот. Полни 40 години играм. Давав и уште давам, а не добивам. Зар не заслужив работа за егзистенција?! Не сум хулиган, нечесен, да ме разбере некој од одговорните. Барам чаре в Општина – вели Јованоски. Последната сезона е меѓу најуспешните. Младост третпат стана државен шампион. На масата играа само тројца, без резерва. Покрај искусниот Ѓоко Јочкоски уште само најмладиот Андреј Лашкоски и, кој друг, ако не тренерот Јованоски. Ги победија сите, без пораз и заслужено добија пехари и медали.
– Титулата е без желба за прослава. Условите се катастрофа, немаме сала. Децата бегаат во фудбал, кошарка… Легитимациите му ги дадов на претседателот и готово е, напуштам. Од пинг понг нема живот – порачува Јованоски.