ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА МАНАСТИРСКИТЕ БИБЛИОТЕКИ

Библиотека ,, Борка Талески,,

,,Манастирските библиотеки во Прилеп и прилепско,, од библиотекарот Магда Василеска ќе биде промовирана вечерва од 19 часот во Библиотеката ,, Борка Талески,,. Во книгата, која ќе ја промовира отец Никола,  се разгледуваат најзначајните манастири во прилепскиот регион, во кои се вршела препишувачката дејност и во кои функционирале поголеми библиотеки.

Монографијата е значаен сегмент во македонската книжевна традиција, во која се разјаснува значењето на манастирските центри, особено на Трескавец каде имало ќелијно училиште  и овозможува да се добие слика дека манастирите во тој период, освен како црковни центри, биле и центри на книжевна традиција во кои се чувала писменоста низ времињата.

Loading